Секој ден се тргуваат големи количини на стоки на глобалниот пазар. Овие стоки можат да бидат целосно персонализирани и уникатни, но почесто се работи како суровини или рефус стоки кои се движат со огромни бродови со контејнери од една земја кон друга. Оваа категорија вклучува, на пример, сурова нафта, автомобили, железна руда, лекови и паметни телефони.

 

Со кои стоки најмногу се тргува, и кој се најголеми извозници и увозници? Може да дознаеме од графиконот кој го објави  „VisualCapitalist“.

Стоки кои се најтргувани 

абелата е изработена од „Teletrac Navman“ и ги покрива 18-те најбарани стоки во светот, како и најголемите увозници и извозници на секоја стока.

Готовите возила се најтргуваната стока во светот, а вредноста на нивната трговија достигнува 1,35 илјади милијарди долари секоја година. Деловите за автомобили се речиси зад лидерот, заземајќи го 4-то место со тргување од 685 милијарди долари.

Нафтата се истакнува како клучна суровина. Рафинирана нафта е на второто место со 825 милијарди долари во трговијата, а суровата нафта на 8-ма со трговија од 549 милијарди долари.

Интересна категорија која се истакнува е човечката и животинската крв, чијашто трговија секоја година очигледно изнесува 252 милијарди долари.

Најголеми узвозници и извозници 

 

САД е најголемиот увозник на 12 од 18-те трговски категории, вклучувајќи ги најголемите: автомобилите и рафинираната нафта.

Интересно е дека САД и најголем извозник на две од стоките на кои се и во врвот на рангирањето: рафинираната нафта и медицинската опрема. Причината е што и двете се високо специјализирани категории. САД може да внесуваат една сорта нафта по ниски цени, а во исто време да извезуваат повеќе специјализирани сорти со повисока цена.

Германија е топ извозникот меѓу автомобилите, автомобилските делови и фармацевтските производи, а Швајцарија е најголем увозник и извозник на злато.

Кина е најголем извозник во пет категории: компјутери, телевизиска опрема, телефони, полупроводници и накит, а е најголемиот увозник на сурова нафта, интегрални кола и авиони.