Македонско-Британскиот стартап „Cognism“, кој користи вештачка интелегенција за унапредување на продажбата на клиенти, доби инвестиција од два милиони фунти во рунда предводена од фондот за ризичен капитал „South Central Ventures“, заедно со „Newable“, „London Co-Investment Fund“, „Start-up Funding Club“ и други.

Овој стартап, основан од претприемачите Џејмс Исилеи и Стјепан Буљат, им помага на компаниите да ја забрзаат својата продажба и да дојдат до вистинските контакти употребувајќи го софтверот „Big Data“. Од основањето во 2016 година, „Cogsnism“ го збогати своето портфолио на 80 големи клиенти во Европа и Америка и го зголеми својот тим од 5 на 30 луѓе во Македонија и Велика Британија. Со континуиран процес на истражување и развој, компанијата „Cognism“ ја унапреди својата технологија, за да биде користена во комбинација со други актуелни алатки за помош во продажбата како „Salesforce“ и „Microsoft Dynamics“ што ги прави „Cognism“ една од водечките европски компании во индустријата наречена „Интелегенција за продажба“ (Sales Intelligence).

 

 

 

Фондот „South Central Ventures“ го подржува развојот на „Cognism“ уште од нивната почетна инвестициска рунда во Јануари 2017 година. Како водечки инвеститор во оваа фаза, „South Central Ventures“ инвестираше 1.5 милиони британски фунти, кои компанијата ќе ги намени за да го забрза својот раст, да отвори канцеларија во Соединетите Американски Држави, да ја зајакне развојната база во Република Македонија, како и да ја оствари поставената цел и да го дуплира бројот на вработени во продажните оддели во Македонија и Британија во 2018 година.

„Оваа инвестиција е потврда за напорната работа и посветеноста на нашиот тим. Последната рунда инвестиции е неопходна за остварување на нашата стратегија да ја понудиме најдобрата технологија во сегментот на “Интелегенцијата за продажба“ (Sales Intelegence). Со тоа не само што ќе успееме да ги подобриме перформансите на алатките туку и на нашите клиенти ќе им овозможиме да ги постигнат стандардите за чување на податоците (GDPR compliant contact data) со акцент на контактите и контекстот на податоците од земјите на Европската унија и Соединетите Американски Држави. Сето ова не ќе можевме да го постигнеме без подршката на South Central Ventures”, посочи Џејмс Исилеи, основачот и извршен директор на „Cognism“ во пресрет на инвестицијата.

„Секогаш е возбудливо кога компанија во која еден фонд инвестира, се развива и расте со брзината која Cognism ја бележи. Може слободно да кажеме дека растот на приходите и придобивките кои им ги даваат на своите клиенти преку употреба на напредни алгоритми за машинско учење и вештачка интелегенција се неверојатни. Затоа ние во Soutn Central Ventures сме среќни што работиме со одличниот тим на Cognism и ќе продолжиме и понатаму да го подржуваме нивниот раст“, потенцираше Татјана Забасу, управувачки партнер на South Central Ventures.