Во САД јавниот обвинител на Њујорк Eric Schneiderman започна истрага против американската нафтена компанија Exxon Mobil под сомневање дека компанијата ја лажела јавноста во врска со ризиците поврзани со климатските промени и инвеститорите во врска со начинот на кој овие ризици можеле да го загрозат нафтениот бизнис. Освен Exxon Mobil, под истрага е и компанијата Peabody Energy.
Тоа се разоткри пред неколку недели кога во јавноста протекоа истражувањата од 70-тите години на минатиот век, од кои произлегува дека Exxon прибавувал податоци за климатските промени кои не се презентирани на јавноста или нивните акционери.
Проблемот за Exxon Mobil е фактот дека во текот на изминатите неколку децении итекако биле свесни за ризиците поврзани со климатските промени од внатрешните истражувања, тие информациите ги користеле при формирањето на бизнис стратегијата.
Но, истовремено во текот на 90-тите години и во првата половина на новиот милениум финансирале групи кои го негирале постоењето на ризици поврзани со климатските промени.
На Exxon Mobil овие истражувања им одговарале, бидејќи тие ги поддржаа напорите САД да не го потпише Протоколот од Кјото за ограничување на емисиите на стакленички гасови. Протоколот е потпишан во 1997 година и влезе во сила во 2006 година, а во САД се уште не е ратификуван.
Финансирањето на научниците и студиите кои го негираат постоењето на глобалното затоплување и климатските промени, во принцип, Exxon и другите нафтени компании во редуцирана форма се уште го прават и денес. На пример, во февруари оваа година го финансираат истражувањето на Wei-Hock Soon од институцијата Smithsonian, која оди контра утврдените доктрини на големата опасноста од климатските промени.
Клучно прашање во текот на истрагата ќе биде дали Exxon Mobil ги споделил сознанијата за ризиците од климатските промени штом дошле до нив. Ако знаеле за ризиците дури од 70-тите години, а јавно во потполност ги признале само во последната деценија, нивните инвеститори нема да биде среќни.
Исто така, се поставува прашањето дали и денес ги имаат разоткриено сите податоци и заклучоци до кои дојдоа во нивните внатрешни студии. Некои експерти во ова гледаат потенцијал за тужби кои се мерат во десетици милијарди долари, како што во последната деценија имаше кон големите тутунски компании кои со години гo негираа и прикриваа штетното влијание на цигарите врз здравјето на потрошувачите.
Exxon Mobil се смета за втора највредна компанија во светот зад Apple (се проценува на 357 милијарди долари) и на петто место на листата на компании со најголем приход (394 милијарди долари минатата година).