Денес цената на биткоинот падна под 7.000 долари – со над 1.000 долари пониска вредност отколку пред само 3 дена, што придонесе за пад на вредноста и на некои од другите големи дигитални валути.

Најголемата криптовалута по пазарна капитализација се обезвредни за 6% во првиот ден од седмицата. Растот на цената од минатата недела, кој ја зголеми нејзината вредноста со речиси една третина, изгледа се намалува во позадина на предизвикувачката техничка слика.

„Биткоинот и пазарот на крипттовалути изгледаат ранливи во почетокот на август“, пишуваат аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“. „Индикацијата за понудата, побарувачката и цените остануваат негативна“.

Кај етериумот има пониска нестабилноста и цената останува 414 долари, нивото кое беше и во неделата. Значи, по неколку дена оптимизам, и двете криптовалути се вратија на пазарот.

Во последниве месеци цените на двете валути не се движат нагло освен ако нема конкретни вести околу евентуалната регулација што објаснува затишје околу нив.