Еден од најекспонираните брокери на њујоршката берза, Питер Тучман, изјави дека иако секој ден ги ризикува парите на своите клиенти, тој никогаш не инвестира во свое име. Тој вели дека никогаш не поседувал акции. Тој смета дека кога би инвестирал за себе, би поминувал повеќе време грижејќи се за своите инвестиции, што би придонело до намалување на концентрацијата и неговата посветеност на работата во функција на своите коминтенти.
Многу берзански брокери се критикувани поради ставање на своите сопствени интереси пред оние на своите клиенти. Ова резултира со ситуации каде многу брокери без размислување преземаат ризични инвестиции на штета на своите коминтенти. Тучман вели дека никогаш не треба да се врзуваме емоционално за парите. Поради тоа тој одлучил никогаш да не тргува за своја сметка.