Кинескиот јуан според методологијата на пресметка на „Дојче банк“, во моментов е најпреценета валута во светот. На листа на најпреценети валути, според банката, по јуанот следуваат тајландскиот бахт, јужнокорејскиот вон и чешката круна.
Меѓу преценетите валути „Дојче банк“ ги рангира и американскиот долар и еврото. Од друга страна водечка меѓу потценетите валути е турската лира, пред мексиканскиот пезос и колумбискиот пезос, а на оваа листа се и шведската круна, британската фунта и швајцарскиоит франк.