Статусот на Лондон како град во кој работат најдобро платените луѓе во Европа, беше потврден од новите податоци според кој над три четвртини од највисоко платените банкари и финансиски менаџери во ЕУ работат во Велика Британија.
Податоците од Европскиот банкарски орган ја нагласува доминантната позиција на Лондонскиот „Сити“ како финансиска „столица“ на Европа и покрај стравувањата од одливот по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.
Бројот на банкари во Европа кои заработуваат повеќе од еден милион евра годишно падна за 11% на 4.597 во 2016-та година, последната година за која се достапни податоците. Ова сепак се должи главно на депресијацијата на британската фунта во однос на еврото во месеците по гласањето за „Брегзит“ во јуни 2016-та година, што се одрази на вработените во Велика Британија.
Постојат вкупно 3.529 високо платени банкари во Велика Британија, или 77% од сите кои заработуваат повеќе од 1 милион евра годишно во ЕУ. Ова е 14 пати повеќе отколку во Германија, земјата со втор најголем број високо платени банкари – 253. Франција се наоѓа меѓу првите три со 205 лица, што е за 15 отсто повеќе од претходната година.
Највисоко платениот менаџер добил 33,2 милиони евра годишно, додека највисоко платениот раководител земал 25,2 милиони евра, а најдобро платениот инвестициски банкар заработил 18 милиони евра. Вкупно 15 банкари и 10 директори заработија повеќе од 10 милиони евра во Велика Британија во 2016-та година.
Веќе неколку години, Европскиот банкарски орган го следи надоместокот на банките и компаниите за управување со средства во сопственост на банките. Регулаторот утврди значителен пад во промените на платите по воведувањето на максимумот за бонусите на европските банкари во 2014-та година.
Ова ги ограничува бонусите на банкарите до 100% од нивната фиксна плата или до 200% со посебно одобрување од акционерите. Во Велика Британија, правилото не влијае на готовинските менаџери и малите институции.
Од 2014-та година просечниот бонус кој им се исплаќа на оние кои заработуваат повеќе од 1 милион евра годишно се намали од 127% на 104% од платата. За сите вработени, просечниот бонус се намалува од 65,5% до 57,1% од платата за истиот период.
Плаќањата на компаниите за управување со средства биле предмет на сериозна глобална контрола во последниве години, бидејќи повеќе од 50% од трошоците на овие компании е обично за персоналот.
Плаќањата на глобалните компании за управување со средства пораснаа за 5 отсто во минатата година, во услови на сериозни бонуси поврзани со значителните пазарни приноси.
Просечната плата на вработените во секторот за управување со средства на глобално ниво достигнала 134.000 долари, иако платата на вработените во Велика Британија останува без промена, покажуваат податоците на „Emolument“.