Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари,што е за 31,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во август годинава издадени се 275 одобренија за градење, што е за 20,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари,што е за 31,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60,0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45(16,4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23,6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 275 објекти, на 167 (60,7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39,3 %) објекти инвеститорисе деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52 648 м2.