Со овие едноставни трикови, сметките за електрична енергија ќе бидат многу пониски. Не жалете за потрошените пари за купување завеси.

Бидејќи деновите стануваат постудени, ние сме принудени да го засилиме греењето или да ги вклучиме грејачите и климатизацијата.

Пред да започнете да ги користите овие уреди за загревање на просториите, има неколку работи што можете да направите во вашиот дом за да заштедите пари на електричната енергија.

Еве 5 корисни трикови:

1. Проверете ги сите прозорци и врати. Дури и преку најмалите пукнатини, топлината може да се губи.

2. Погледнете ги сите врати и прозорци и користете гипс малтер за покривање на овие пукнатини. Ќе бидете изненадени колку ќе биде топол Вашиот дом.

3. Инвестирајте пари во завеси, но изберете тешки завеси изработени од подебел материјал. Овие завеси ќе ја спречат топлина да бега низ прозорците.

4. Направете изолација околу цевките кај парното. Иако ова е поголема инвестиција на пари, бидете сигурни дека ќе ви се исплати. Кога ставате изолациска пена околу цевката за греење, ќе постигнете енергетска ефикасност.

5. Внимавајте во кое време го греете домот. Ако работите, поставете тајмер и утврдете идеално време за загревање на просториите. Најдобро е да го вклучите тајмерот пред да станете од кревет и еден час пред да се вратите дома од работа.