Годишната стапка на инфлација во Турција падна од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто во јули, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.
Ова е втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јули се зголемени за 58,91 отсто на годишно ниво, како и цените на транспортот за 46,07 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 76,04 отсто, облеката и обувките за 39,57 отсто, здравствени услуги 63,02, но во сите наведени категории годишниот раст на цените е побавен во однос на јуни.
На месечна основа инфлацијата е зголемена за 3,23 отсто во однос на јуни, објави веб-страницата Туркстат.
Годишната основна стапка на инфлација во Турција падна од 71,41 во јуни на 60,23 отсто во јули.