Жалбите за сметките за струја најчесто се однесуваат на тоа дека се опфатени поголеми пресметковни периоди. Така наместо 30 дена се пресметувале 40 дена и автоматски со тоа им се зголемуваат сметките за струја, бидејќи влегле во повисока тарифа. Ние ги упатуваме до Регулаторната комисија за енергетика да поднесат приговор. Ако РКЕ утврди дека има наплатено поголема сума отколку што е потрешено електрична енергија, треба да побара од ЕВН сметката да се намали за повеќе наплатениот износ или таа сума да му се одземе од наредната сметка, изјави за весникот ВЕЧЕР, Тања Тасевска, од Орагнизација на потрошувачи на Македонија.
Се зголемува бројот на поплаки од граѓаните за високите сметки за струја. Од Организација на потрошувачи на Македонија велат дека освен за сметките за струја до нив стигнуват жалби и поплаки за измами при купување или добивање на услуги, за храна со поминат рок, поправен наместо нов производ, декларации кои не одговараат на карактеристиките на производот… Иако во државата постои Закон за заштита на правата на потрошувачите и поголем дел од потрошувачите веќе си ги знаат своите права, сепак во многу случаи тие се прекршуваат.
-Жалбите за сметките за струја најчесто се однесуваат на тоа дека се опфатени поголеми пресметковни периоди. Така наместо 30 дена се пресметувале 40 дена и автоматски со тоа им се зголемуваат сметките за струја, бидејќи влегле во повисока тарифа. Ние ги упатуваме до Регулаторната комисија за енергетика да поднесат приговор. Ако РКЕ утврди дека има наплатено поголема сума отколку што е потрешено електрична енергија треба да побара од ЕВН сметката да се намали за повеќе наплатениот износ или таа сума да му се одземе од наредната сметка, изјави за весникот ВЕЧЕР, Тања Тасевска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Според извештајот, минатата година биле регистрирани 1.620 советувања, што го рефлектира незадоволството и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во секојдневниот живот.
Според ОПМ, најголем дел од поплаките, односно 659 се однесуваат на проблемите со гаранции и сервисирање на производи, главно кај белата техника и техничките апарати. Потрошувачите честопати се принудени да чекаат подолг период за сервис или да се соочат со продавачи кои одбиваат да ги исполнат законските обврски.
-Ако техничкиот производ во текот на гарантниот рок се расипе и го има двапати истиот дефект, третиот пат купувачот има право да бара нов производ или да му бидат вратени парите. Доколку, пак, се расипе трипати во текот на гарантниот рок со различен дефект, тогаш четвртиот пат има право да бара нов од продавачот или да му ги врати парите. Купувачот треба да знае дека при секое сервисирање треба да побара сервисен протокол, односно да има документ со кој ќе докаже дека производот е сервисиран. Потоа треба да кај продавачот да го замени производот или да му бидат вратени парите. Секогаш мора да го однесеш производот кај овластен сервисер, бидејќи во спротивно ја губиш гаранцијата. Исто така, имаш право да ти го продолжат гарантниот рок за времето додека производот е на сервис, објаснува Тасевска.
Исто така голем е бројот на поплаки – 245, кои се однесуваат на неквалитет на обувки, текстилните производи, мали апарати за домаќинство и сл. Истите краток рок после купувањето покажуваат несообразност, односно не можат да се користат, а продавачите не се согласуваат да бидат заменети или, пак, на потрошувачот да му бидат вратени уплатените средства.
Дополнително, во 64 случаи граѓаните пријавиле долг период на испорака на мебел, а 73 поплаки се однесуваат на тешкотии со враќањето на производи. Ова укажува на системски проблем со непочитување на правата на потрошувачите од страна на бизнисите.
Во однос на услугите, 309 поплаки се однесуваат на телекомуникациските услуги, каде што граѓаните изразуваат незадоволство од квалитетот на интернетот, ТВ-програмите и високите сметки. Забележителен е и бројот на пријави за јавните услуги, како што се електричната енергија, топлинската енергија, собирањето смет и јавниот превоз. Честите прекини на струјата, нерегуларното собирање отпад и нередовните автобуски линии создаваат дополнителни проблеми за граѓаните.