Македонците што планираат да летуваат во Грција или во некоја од земјите од регионот, најдобро е да го наполнат резервоарот до горе ако сакаат да заштедат гориво. Летната сезона штотуку започна, а пред да се тргне на летување, потребно е да се направи план на трошоците. Секако, за оние што патуваат со автомобил, горивото е еден од најголемите трошоци во буџетот за одмор. Граѓаните што одат на летување во Грција, треба да го наполнат резервоарот за да заштедат некое евро
Македонците што планираат да летуваат во Грција или во некоја од земјите од регионот, најдобро е да го наполнат резервоарот до горе ако сакаат да заштедат гориво. Летната сезона штотуку започна, а пред да се тргне на летување, потребно е да се направи план на трошоците. Секако, за оние што патуваат со автомобил, горивото е еден од најголемите трошоци во буџетот за одмор. Граѓаните што одат на летување во Грција, треба да го наполнат резервоарот за да заштедат некое евро.
Според последните анализи, цената на бензинот во Македонија е значително пониска во споредба со соседна Грција. Па така, македонските патници, доколку сакаат да заштедат, треба да го наполнат резервоарот пред граница, на бензинската пумпа во Гевгелија. Така ќе имаат доволно бензин за да прошетаат со автомобил и да посетат повеќе туристички места во Грција.
За да наполните резервоар од 50 литри со бензин во Македонија, ќе потрошите околу 4 300 денари, додека истата количина во Грција ќе ве чини 6 200 денари. Оваа разлика во цената претставува заштеда од околу 30 евра.
Кога станува збор за дизелот, разликата, исто така, е голема. Полнењето резервоар со дизел во Македонија изнесува околу 4 000 денари, за разлика од 5 200 денари во Грција. Оваа заштеда може да биде значајна, особено за семејства што планираат подолг престој.
Српските медиуми пишуваат дека во Македонија дизелот повторно е најевтин и ги советуваат своите граѓани што патуваат за Грција, да ги наполнат резервоарите на бензинските пумпи во Македонија.
На пумпите во Србија, литар евродизел се продава за 203 динари, а литар бензин – за 199 динари. И со овие пониски цени, Србија е речиси на врвот по цените на бензините, веднаш по Грција и Албанија, каде што чини 231, односно 199 динари, додека дизелот во Грција е 226 динари, а во Албанија 219 динари.
– Најевтиниот бензин е на бензинските пумпи во БиХ и во Македонија. Па така, во БиХ изнесува 155,2 динари, што е за 43,8 динари поевтино отколку во Србија, а во Македонија се продава за 141,6 динари, што е поевтино за 61,4 динари. Во Бугарија, дизелот се продава за 160,8 динари, односно за 38,2 динари поевтино отколку во Србија – пишува српска „Политика“.
Македонците што со години одат на летување во Грција со автомобил, веќе знаат дека цените на горивата таму се повисоки. Па така, пред влез во Грција, ги полнат резервоарите на бензинската пумпа во Гевгелија, а истото го прават и при враќање во Македонија.
Во пресметката на трошоците за одмор во Грција, летово треба да го вклучите и поскапувањето на патарините. За 30 до 35 отсто пораснаа цените на патарините во соседна Грција. Поскапувањето е и за патот Игнација, кој го користат македонските државјани кога одат на одмор во оваа земја.
Поскапува патарината и на влезот од Евзони. Досега изнесуваше 1,80 евра, а сега е 2,40 евра. Во Аспровалта од 0,90 на 1,20 евра, во Кавала од 1,40 на 1,85 евра. Единствено намалување на патарината има во Солун, на патот кон Атина, односно наместо досегашните 1,20 евра, ќе платите 0,90 евра. Исто така, значително поевтинување има кај патарината на патот кон Прохамонас, кон Бугарија, од 2,00 на 1,90 евра.