Народна банка на последната седница оцени дека монетарната политика во земјава треба да остане затегната и со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно.
Ваквата одлука следи и покрај тоа што Европската централна банка, ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени.
Според новата каматна стапка на Еевропската Централна Банка депозитната стапка ќе изнесува 3,75%.
Банката одлучи да ја намали каматната стапка и покрај малку повисоката стапка на инфлација од целната.
За ЕЦБ ова беше прво намалување на каматните стапки од 2019 година, а според податоците на аналитичарите, во моментов се очекуваат уште две намалувања на каматните стапки во еврозоната до крајот на оваа година.
Како аргумент кој оди во прилог на затегнатата мерка е нивото на инфлацијата во мај 2024 година кое изнесува 4,5 отсто на годишно ниво.