Во јули, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е
забележан месечен раст од 0,8% и 2,0%, соодветно, при годишен раст од 7,4% и
15,1%, соодветно, објави Народната банка.
Овој месец, автомобилските кредити се пониски за 1,5% и 17,3%, на месечно и годишно ниво, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2% и 9,5%, на месечна и годишна основа, соодветно. Негативните салда на тековните сметки бележат месечен пад од 2,3%, додека на годишна основа се зголемени за 4,2%. Кредитите одобрени врз други основи, во јули се намалени за 21,4% на месечно ниво, додека на годишно ниво се пониски за 26,3%.