Растот на депозитите и на кредитите, на крајот на првиот квартал од оваа година останува солиден.
Заклучно со крајот на март:
– Годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 8,3%, а раст бележат депозитите и на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“.
– Годишната стапка на раст на вкупните кредити изнесува 5,8%, при што позитивен придонес кон растот има зголемувањето на кредитирањето кај двата сектора, но поизразен кај секторот „домаќинства“.
Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,1% на годишно ниво.
Корпоративен сектор:
– По падот во февруари, депозитите на месечно ниво се зголемија за 2,4%, додека годишниот раст изнесува 12,5%.
– Кредитните текови останаа непроменети на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст од 1,8%.
Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 3,8%.
Домаќинства:
– Депозитите бележат месечен раст од 0,1%, а на годишна основа се зголемени за 8,6%.
– Кредитите се зголемени за 0,1% на месечна основа, додека на годишна основа кредитниот раст изнесува 10,1%.
Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,9 %.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: http://nbrm.mk/content/