Народната банка на Република Македонија распиша јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на НБРМ.

Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

-да бидат лица државјани на Република Македонија и да имаат соодветна репутација

-да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото

-да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка

-да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.