Во Охрид, сеуште трае Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура. Од досегашните говорници денеска, меѓу кои беше министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше искажана спремноста на нашата Влада и земја за прифаќање на блокчејн системите и крипто напредокот воопшто.
Покрај најавените промени кои во иднина ќе бидат превземени од страна на Владата и регулаторните тела во нашата земја, беше најавено дека и блокчејн верификацијата нема да биде заобиколена. Напротив, министерот Дамјан Манчевски ја истакна потребата од изградба на инфраструктура која ќе го помогне создавањето на блокчејн екосистемот.
Исто така, модераторот на Конференцијата, г-инот Михаил Ван Дуверен од Банката на Холандија, истакна дека Европската Унија а особено Европската Централна Банка во Франкфурт овој процес го охрабрува и поддржува, заедно со развојот на многу, за нас нови, начини на плаќање како што се мобилните плаќања, изедначување на цените за платни налози и голем број на измени кои се планираат да се воведат во нашиот платен систем.
Останува на банките да ги сватат и имплементираат решенијата кои се нудат, но и методите кои Европската платежна заедница ги бара од нас.
Според мое мислење, спроведувањето на овие нови методи за плаќање, во нашата земја значително ќе ги раздвижи и другите сектори особено трговијата, извозот и многу други.
Народната Банка на Северна Македонија, врши одлична работа со организирањето на вакви настани кои ќе ни овозможат да фатиме чекор со светото особено во сверата на плаќањата.
Наум Димитровски