Владата на 11 овој месец ќе се задолжува за нови 50 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.000.000.000 денари или околу 50 милиони евра.
Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.
Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.
Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.