Некаде во денешниот печат, забележавме наслов во врска со јавната администрација кој оди отприлика вака : Поради одлив на стручен кадар – неприфатлив е трансферот од јавен во приватен сектор.

Згора на сето тоа , како што пренесуваат медиумите се нагласува – додуша скромно и на крајот на веста, што би се рекло „на мала врата “ дека ќе се потпишува некаков „нов колективен договор„ со јавниот сектор?

Зошто државата и министерството за финансии не им ја пренесат вистината на вработените во јавниот сектор дека согласно неможностите на буџетот и превработеноста во јавниот сектор мора да има рационализации т.е. откази?

Дали и новата власт ќе кокетира со јавната администрација на еден претходно веќе познат начин кој не доведе до финансиски амбис?

Кој ќе ја превземе одговорноста за големиот рез кој треба да се направи?

И на крај, но не најмало по значение, јавниот сектор, со својата гломазност и неефективност не е во никаква позиција да поставува било какви барања или да кажува што е неприфатливо за него… Јавниот сектор веќе не е прифатлив за приватниот сектор и буџетските молзења, и за брзо тука ќе мора да се спроведат реформи… Ако нејќеме доброволно, ММФ и СБ ќе ги спроведат за нас дома….

 

Наум Димитровски