Во Мерките и препораките за намалување на расходите што ги усвои Владаат, една од мерките се однесува на намалување на наставен кадар затоа што тој треба да се оптимизира.

„Министерството за образование и наука да предложи законски измени со кои ќе се оневозможи правото на вработените кои работат на определено време, по истекот на две години нивниот работен однос да се трансформира на неопределено време, имајќи го во предвид вишокот на наставен кадар и потребата за неговата оптимизација“, пишува во документот до кој дојде „Слободен печат“.

Нашата редакција ексклузивно дојде до документот во кој на 12 страници освен мерките за намалување на ставката „плати и надоместоци“ за 10 проценти во 2023 година, исто така има мерки и за намалување на ставката „стоки и услуги“ за 20 проценти, како и намалување на субвенции и трансфери – исто така за 20 проценти. Рок за спроведување на овие мерки е 6 месеци, а со сите заедно треба да се заштедат 150 милиони евра годишно.