Трет по ред натпревар за најдобри дигитални идеи и решенија од Западен Балкан, „Балкатхон“, ќе се оддржи и оваа година во организација на Советот за регионална соработка (РСС) и финансиска поддршка со награден фонд од 60 илјади евра, за што конкурсот е веќе објавен.

До 24 мај, можат да се пријават кандидати, поединци или тимови формирани на индивидуална основа или од компании во 5 категории, а секоја најдобра идеја/решение од категориите ќе бидат наградени со по 10 илјади евра и можност за имплементација на решението на пазарот на Западен Балкан.

Новина во однос на преходните два „Балкатхони“ е тоа што сега областите се проширени и ќе може да се конкурира во следните 5 категории: Е-Трговија; Земјоделство, прехрамбена технологија и рурален развој; Oбновлива/одржлива енергија, Превоз и логистика; Друго.

Идeите или решенијата што ќе влезат во потесна конкуренција, ќе добијат и можност за дводневно бесплатно модерирање од експертски тимови што ги обезбедува РСС, а доделувањето на наградите е планирано за 3-ти јуни.

 

Право на учество имаат кандидатите од сите земји на Западен Балкан, т.е. и од Северна Македонија, а подетални информации се наоѓаат на веб страната на РСС. Овој регионален проект за дигитална иновативност РСС го спроведува со поддршка од ЕУ.