Дали е подобро да се тргува со национални или приватни криптовалути? Каков е ставот на Националната банка на Швајцарија во врска со ова прашање.

Во неодамнешното интервју на г-ѓа Андреа Мехлер, член на Одборот на директори „SNB“ (Swiss National Bank) изјави дека приватните дигитални криптовалути се најдобрите валути. Покрај тоа, криптовалутите се помалку ризични при употреба. Се разбира, г-ѓа Мелер зборуваше од гледна точка на „SNB“.

 

 

Постојат дигитални валути кои веќе се во употреба во некои држави, а други најавија нивна употреба за во иднина. За сега, тоа се вкупно осумнаесет држави од кои: Португалија (CryptoEscudo – CESC), Германија (Deutsche eMark – DEM), Исланд (Auroracoin – AUR), Шпанија (Pesetacoin – PTC), Грција (GreeceCoin), Шкотска (Scotcoin), Кипар (Aphroditecoin), Ирска (IrishCoin), Русија (CryptoRuble) Шведска (eKrona – KRN), Кина (во најава), Холандија (eGulden – EFL), Израел (Isracoin – ISR), Сингапур (кој за сега има неуспешен обид), Киргистан (во најава), Еквадор (Sistema de Dinero Electronico), Палестина (Palestinian pound – во најава), Канада (Maplecoin). Покрај овие држави и народот Лакота во САД си претстави своја криптовалута (Mazacoin – MZC).

Андреа Мехлер во една прилика во Цирих изјави дека, државната дигитална валута која ја емитува централната банка е неопходна за да се обезбеди ефикасен систем за безготовинско плаќање при трговија на мало, која е најкористена кај граѓаните. Владината криптовалута би го олеснила трансферот на пари од една банкарска сметка на друга во случај граѓаните да увидат дека банката се соочува со отежнато функционирање.

Тоа би било голема предност на националните криптовалути но, истражувањата покажуваат дека тоа доведува до ризик во поглед на финансиската состојба. Во случај на дигитално емитување националната валута на централната банка, всушност, ќе емитува две паралелни валути: класична и дигитална, а треба да се земе предвид усогласеноста на монетарната политика со валутите.

Имајќи ја во предвид специфичноста на криптовалутите кои се водат според свои законитости, ваквиот систем би можел да биде проблематичен. Според ставот на Швајцарската банка, тие нема да издаваат национални дигитални криптовалути но, се согласуваат да издаваат приватни криптовалути кои не се конкуренција на класичните валути.

На прашањето дали криптовалутите се пари или роба, повеќето корисници сметаат дека дигиталните валути не ги поседуваат сите особини на парите.

Швајцарија отсекогаш била горда на својата независност, неутралност и оригиналност. Под притисок на даночните власти во САД, а потоа и ЕУ беа принудени да ја променат традиционалната политика на тајност, а и улогата на инвеститорите, по што швајцарските банки се добро познати.

Прифаќањето на криптовалутите во Швајцарија овозможува создавање на нов бизнис модел, кој се базира на промет на приватните дигитални валута. Поради оваа причина, Швајцарија стана центар на светскиот развој кај бизнисите со дигитална валута, а и на многу компании со седиште во Женева. Дали Швајцарија ќе успее да создаде нов бизнис модел користејќи приватни дигитални валути, останува да се види.