Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во декември, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 4,94 отсто, што преставува месечен и годишен пад од 0,06 процентни поени (п.п.) и 0,39 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,26 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е пониска за 0,15 п.п, информира Народната банка (НБ).
Во декември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа месечен пад од 0,13 п.п. и изнесува 4,15 отсто, додека на годишно ниво се намали за 0,34 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,14 отсто, по падот од 0,12 п.п. и 0,26 п.п., соодветно на месечна и годишна основа, соопшти НБ.
Просечната каматна стапка, пак, на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,05 п.п. овој месец и изнесува 4,17 отсто. Притоа, влат од НБ, надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка е пониска за 0,46 п.п., во споредба со истиот период претходната година.
Во декември 2019 година, каматната стапка на новоодобрените кредити накорпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,20 п.п и се сведе на 3,80 отсто. Месечниот пад е резултат на надолното поместување кај каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,31 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,50 п.п., посочуват од НБ.
Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во декември, додаваат, е забележана месечна надолна промена од 0,03 п.п. и таа изнесува 1,53 отсто. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа на: депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,16 п.п., во споредба со декември 2018 година.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, се сведе на нивото од 1,11 отсто и во однос на минатиот месец се намали за 0,08 п.п. Падот во целост произлегува од намалувањето кај каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п.), при зголемени каматни стапки на денарските депозити без валута клаузула (за 0,07 п.п.) и непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,07 п.п., велат од НБ
Во декември, порачуваат, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари месечно намалување од 0,04 п.п. и изнесува 5,70 отсто. Гледано според валутната структура, месечната промена се објаснува со намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,07 п.п.), каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п., соодветно). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,38 п.п., истакнуваат од НБ.
Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во декември, е забележано намалување од 0,22 п.п. на месечна основа и изнесува 4,71 отсто. Остварениот пад се должи на падот кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,28 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,19 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Во споредба со истиот период претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е намалена за 0,32 п.п., појаснуваат од НБ
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, прецизираат од НБ, изнесува 1,23 отсто, по месечниот пад од 0,02 п.п. Месечната промена произлегува од падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Оваа стапка, анализирано на годишна основа е пониска за 0,15 п.п.
Овој декември, просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа пад од 0,14 п.п. и се сведе на нивото од 1,17 отсто. Месечниот пад се должи на намалените каматни стапки на депозитите примени во странска валута (за 0,23 п.п.) и намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,15 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула во декември изнесува 1,70 отсто, за разлика од претходните пет месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишно ниво, просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,43 п.п., велат од Дирекцијата за статистика на Народната банка.