Вкупните депозити, на годишна основа во септември 2019 година се зголемени за 10,1 отсто, при евридентиран раст кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства”, покажуваат податоците на Народната банка.
На месечна основа има намалување кај депозитите за 0,2 отсто поради падот кај депозитите кај секторот „домаќинства”.
Според објавените податоци кај кредитите на годишна основа е забележан раст од 6,4 отсто, поголем дел поради зголемено кредитирање на секторот „домаќинства”.
Од Народната банка наведуваат дека доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,1 отсто.