Гувернерката на Нардоната банка (НБРМ), Анита Ангеловска-Бежоска ги додели наградите на учениците кои учествуваа на едукативниот квиз на Народната банка по повод одбележувањето на „Глобалната недела на парите“ и одржа едукативна презентација пред учениците и оствари работна средба со раководството на училиштето.
Како што информираат од Народна банка, во презентацијата на гувернерката биле истакнати основните цели и функции на Народната банка, нејзината улога во одржување на финансиската стабилност, значењето на финансиската писменост на населението, како и сѐ поголемата улога на централните банки во овој домен.
По одржувањето на презентацијата, им беа доделени пригодни награди на Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ученичките кои ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа на 23 март 2023 година, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка.
На едукативниот квиз учествувале 26 ученици од III и IV година кои одговарале на прашања од доменот на работењето на Народната банка и на банкарскиот систем.