Народната банка на РМ ја здржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2%, а за наредната година до 3,5%.Се очекува движечки фактор да биде извозот, инвестициите, како и личната потрошувачка на граѓаните.
За годинава останува и проекцијата на инфлација на околу 2%, а ризиците главно се поврзани со увезените цени. Кај депозитите се очекува раст од 6,4%.
Кредитната активност на банките, според НБРМ, и понатаму ќе биде важен фактор за поддршка на економскиот раст.