Просечната каматна стапка на кредитите во јуни бележи незначително намалување и изнесува 5,19 отсто. Според објавените податоци на Народната банка во однос на претходниот месец се бележи намалување од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа, намалувањето е за 0,38 процентни поени.
Податоците покажуваат дека нема промена кај просечната камата на депозитите и таа се задржа на 1,41 отсто
Просечната каматна стапка бележи раст кај новоодобрените кредити, во текот на јуни, за 0,02 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,70 отсто, додека споредено на годишна основа е остварен пад од 0,27 процентни поени. Кај новопримените депозити пак каматата изнесува 1,15 отсто и има намалување на месечно ниво од 0,16 процентни поенти, а на годишно 0,14 проценти поени.
Каматата кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор бележат намалување од 0,03 проценти поенти на месечно ниво и изнесува 4,45 отсто.
Кај кредитите на домаќинствата каматата на месечно ниво е намалена за 0,02 отсто и изнесува 5,92 проценти. Кај новоодобрените кредити е забележан зголемување на каматната стапка од 0,04 проценти поени и знесува 5,22 отсто.
Кај депозитите, според податоците на Народната банка, нема промена кај просечната камтана стапка осум месеци по ред и изнесува 1,38 отсто.