На 14 март 2018 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,00%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

 

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

 

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 11 април 2018 година.