Според Редовното соопштение кое го издаде Народната Банка, може да се заклучат следните 2 позначајни движења движења во финансискиот систем:
- Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити и натаму се намалува и се
сведе на 5,26%, што претставува пад од 0,02 п.п. во однос на претходниот месец.
На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41 п.п. Просечната
каматна стапка на вкупните депозити и натаму е на нивото од 1,42%, без промени
во последните три месеци, додека во однос на март минатата година е намалена за
0,06 п.п. - Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на март,
забележа месечно зголемување од 0,08 п.п. и изнесува 4,84%, додека споредено на
годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,08 п.п.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,42% и на
месечна и годишна основа се намали за 0,14 п.п. и 0,05 п.п., соодветно.
Според извештајот на НБРСН овие движења можеме да ги окарактеризираме како поволни, со бенефит за домаќинствата и корпоративниот сектор, како и предвесник за позасилена коњуктура на економијата во иднина.
Исто така особено е значаен падот на каматите на кредитите во корпоративниот сектор, што е стимул плус за македонските прептријатија за поголема доверба и стимул за инвестиции во иднина.