Никој не ја оспорува потребата од задолжување, но економистите се согласни на темата дека кога веќе се задолжуваме, парите треба да се трошат продуктивно, да се цели кон проекти што ќе придонесат за раст на БДП или раст на економијата, која ќе овозможи и враќање на земените заеми и динамичен раст на економијата и БДП.
Економијата во нашата држава се соочуваше со тешкотии што вршеа притисок врз макроекономската стабилност поради неквалитетното трошење на јавните финансии и што создаваа високо ниво на јавен долг.

Задолжувањето и јавниот долг на Македонија како предизвик

Јавниот долг во Македонија последниве години со изминатата власт беше во континуиран раст, при што беа потрошени многу пари, но нивната ефективност е ставена под голем прашалник. Растот на задолженоста, но и потребата од фискална дисциплина постојано се меѓу главните теми меѓу економистите и иако има разидување меѓу ставовите за потребата за задолжување и за висината на задолжувањето, сепак едно е заедничко, најбитно е како и за што ќе се користат парите од заемите.
Никој не ја оспорува потребата од задолжување, но економистите се согласни на темата дека кога веќе се задолжуваме, парите треба да се трошат продуктивно, да се цели кон проекти што ќе придонесат за раст на БДП или раст на економијата, која ќе овозможи и враќање на земените заеми и планиран динамичен раст на националната економија, отворање нови работни места, зголемена продуктивност, како и екстензија и интензитет на соодветните гранки на македонското стопанство.
Економијата во нашата држава се соочуваше со тешкотии што вршеа притисок врз макроекономската стабилност поради неквалитетното трошење на јавните финансии што создава високо ниво на јавен долг.
Еден од поранешните гувернери на Народната банка на Македонија за нашиот медиум укажа дека прагот од 60 проценти е соодветен за земји што се дел од Европската Унија, но дополни дека за Македонија најсоодветно, во нормални услови, би било доколку јавниот долг е во граница од 45 до 50 проценти од бруто-домашниот производ.

Сепак, како што укажа, сега условите се надвор од нормални рамки, па затоа не е поентата колкава е висината на задолжувањето, бидејќи има ситуации кога државата мора или, пак, треба да се задолжи за да ги реализира плановите. Притоа укажа дека многу е поважно за што се користат средствата што се позајмуваат.
– Разбирливо е државата да се задолжи и едно домаќинство што сака да купи дом и да го уреди мора да се задолжи, така и државата за поголеми инвестиции мора да се задолжи. Со оглед на кризите што се надоврза една на друга, очекувано е да се задолжуваат државите, но клучно прашање е како се трошеа тие средства. Прв проблем беше што јавниот долг ни порасна на 50 отсто за инвестиции што не ја подобрија економијата. Сепак, клучно прашање е колкав дел од приливите на државата се одвојува за враќање на долговите – објаснува нашиот соговорник.
Тој потенцира дека е очекувано долговите да се враќаат со нови заеми, но додава дека тоа не е толку страшно, туку дали расте економијата, а со неа и приливите во државната каса со кои ќе се сервисираат обврските.
Претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев, укажа дека поради одредени параметри, кои не се земени во официјалната статистика, јавниот долг достигнува и до 65 проценти од БДП и посочи оти Фискалната стратегија 2025–2029 година, која ја усвои Собранието, е добра рамка за фискална консолидација.
– Во најновата студија на ММФ, само фискалниот капацитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а, од друга страна, буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина, особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ – нагласи Бишев.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пак, потенцираше дека минатата година јавниот долг бил понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9 отсто од БДП. Потоа истакна дека од јануари 2025 година тој е под 60 проценти од БДП, односно 58,4 отсто од БДП по успешно реализираната отплата на еврообврзницата издадена во 2018 година.
– Во 2025 година отстапувањето од ова правило е во функција на развојот и реализација на инвестициите, како што се коридорот 8 и 10 (0,8 отсто од БДП), локални инфраструктурни проекти (0,6 отсто од БДП) и инвестиции во одбраната (0,5 отсто од БДП) – истакна министерката.