Просечната каматна стапка на вкупните кредити во октомври продолжи да се намалува и се сведе на 5,05%, што преставува пад од 0,04 % во однос на претходниот месец, соопшти Народната банка.
На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,37 %.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа надолно поместување за 0,08 % и се сведе на 1,28%.
На годишна основа оваа камата бележи намалување за 0,15 %.