Цените на огревното дрво остануваат исти како лани. Од подружницата на „Македонски шуми“ во Струмица, децидно ја отфрлаат информацијата која ја разбранува јавноста дека годинава се очекуваат повисоки цени
Цената на огревното дрво и за наредната грејна сезона останува непроменета. Од подружницата на „Македонски шуми“ во Струмица, децидно ја отфрлаат информацијата која ја разбранува јавноста дека годинава се очекуваат повисоки цени. Раководителот Митров вели, дека цената на огревното дрво ја диктира Владата и нејзините органи, но засега нема никакви најави за промена на истата.
Огревно дрво се очекува доволно да се опслужат сите потрошувачи кои оваа година се очекува да склучат договори со навремена испорака на истото.
Инаку, цената на огревното дрво останува иста како лани. Еден просторен метар дабово огревно дрво се продава за 2.470 денари, а буката за 2.370 денари.