Експертите, пак, советуваат, криптопазарот расте, но само мал дел од криптовалутите се одржливи и голем дел од нив, ќе исчезнат.

Десет илјади евра. Толку изгубил македонски државјанин при измама во трговија со криптовалути. Случајот бил пријавен во МВР, а го истражува одделот за компјутерски криминал.

Тоа е една од четирите пријави годинава за оштетени македонски граѓани во трговијата со криптовалутите. Тројца од оштетените се од подрачјето на СВР Охрид, а еден е од подрачјето на СВР Велес.

„Во првиот случај се работи за повлекување парични средства преку инсталирана програма ‘Supremo Mobile Assist’, при што од трансакциска сметка на пријавителот биле повлечени 224.457 денари, а износ од 99.000 денари биле резервирани“, велат од МВР во одговор за Гласот на Америка.

Во вториот пријавен случај македонски граѓанин изгубил сума од 250 евра, купувајќи криптовалути преку непроверен линк. Третиот случај е со сумата од 10.000 евра. Четвртиот, пак, според објаснувањето од МВР е следниот:

„Се работи за доведување во заблуда дека пријавителот ќе поврати претходно изгубени средства на ‘Foretrade’, по што споделил податоци од сметка на ‘Binance’ и ‘Комерцијална банка’. Веднаш после тоа од страна на ‘Binance’ сметката биле одземени 1474,5 долари, а од „Комерцијална банка“ уште 850 долари“.

Поведени од овие примери, неодамна една од домашните банки упати и предупредување до клиентите:

„По укажувања од МВР за измами преку наводни инвестиции во крипто валути АПЕЛИРАМЕ да бидете внимателни каде и како ги откривате вашите лични финансиски податоци.