УЈП од 2019 ќе започне да го применува електронскиот систем за годишна даночна пријава, но граѓаните најпрво ќе мора да се регистрираат по електронски пат со мејл адреса и основни податоци, за потоа да ги користат овие електронски услуги, за што имаа доволно време пред себе.
Оние кои немаат компјутери и мејлови помош ќе добијат од вработените во УЈП или пак ќе ополномоштат друго физичко лице како член на семејството кое во нивно име ќе ги регистрира и ќе има пристап до системот или ќе одберат таа постапка да ја изврши сметководител.
„Во текот на 2019 година, УЈП нема да донесува решенија за утврдување на годишен данок на доход, туку врз основа на прифатената годишна даночна пријава, што претходно била пополнета од страна на УЈП, а ја потврдиле даночните обврзници, се создава автоматски обврска и тие имаат рок од 30 дена да ја платат обврската за даночна пријава.“ вели Мухамед Абдиќ, раководител во УЈП.
Минатата година дополнителен прход пријавиле речиси половина милион граѓани.
Обврската со која физичките лица сами ги пополнуваат и доставуваат пријавите ќе важи уште годинава до 15 ти март. Од УЈП повторуваат дека оние кои имаат приходи само од плата, пензија, како и самостојно вршење на земјоделска и стопанска дејност НЕ треба да поднесуваат пријави. Но треба да поднесат, оние кои на пример – земале К15 кој се регистрира како дополнителен приход.
Новини има во роковите и начинот на пријавување на приходите од кирија, капитална добивка, продажба на змејоделски производи како и приходите од странство. Тие сами ќе треба да поднесат електронска пресметка за приходот до 10ти во месецот.
Како и претходната година граѓаните го чекаат последниот рок за поднесување на пријавите. До крајот на јануари биле поднесени само 2 400. Од Управата апелираат оние кои не поднеле да не чекаат за да ги избегнат шалтерските гужви.