По повод денот на пролетта и екологијата, Купи На Рати (https://kupinarati.mk/), онлајн продавница со голема герила акција која носи порака “Не загадувај, со твоја торба пазарувај“ чија цел е да се заменат пластичните кеси со торби. За таа цел, тимот на Купи На Рати подели еко неткаени торби на граѓаните во пазарот во Битола, кои ќе им служат за пазарување подолг период.
“Како компанија која има за цел да ја зголеми еколошката свест за загадувањето, решивме да им поделиме на граѓаните торби со кои ќе пазаруваат подолг период. Време е да се исфрлат од употреба пластичните кеси. Пластичните кеси содржат многу штетни состојки кои ги уништуваат природните ресурси и остануваат во водата, воздухот, храната. Секој еден може да започне да ги менува сопствените навики, барем во однос на секојдневното купување. Торбите се мултинаменски, лесно ги собира секаде, се користат подолг период и не се уништуваат како пластичните кеси. Оваа акција планираме да трае подолг временски период со што ќе се одвива во повеќе фази. Нашата најголема цел е да ги едуцираме граѓаните да станат еколошки свесни.“ – изјави Радојка Димитријеска Јошевска од тимот на Купи На Рати.
Пластичните кеси се втор најзастапен отпад во нашата земја. Секојдневно кога купуваме, речиси секогаш добиваме пластична кеса. Во нашата земја, годишно се употребуваат 500 000 000 пластични кеси од страна на населението. Процесот на распаѓање на една пластична кеса може да трае и до 500 години.
Иако голем број земји ја намалуваат употребата на пластичните кеси или ја сведуваат на минимум, сепак на светско ниво се користат 1 000 0000 пластични кеси секоја минута.
Просечно пластичните кеси се користат само 25 минути, додека торбата се користи подолг период.