На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот ослабна, како последица на послабите отколку што се очекуваше показатели од американскиот пазар на труд што може да го одложи зголемувањето на каматните стапки од ФЕД.
Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела се намали за 0,60 проценти на 119,90 ¥. Вредноста на доларот падна и во однос на европската валута за 0,15 проценти, на 1,1210 $. Во однос на јапонската валута, девизниот курс на еврото ослабна за 0,45 проценти, на 134,40 ¥.
Преку целата мината недела на валутните пазарите се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите го чекаа извештајот за вработувањето во САД, кој е во фокусот и на ФЕД.
ФЕД неодамна го одложи зголемувањето на каматните стапки, бидејќи, како што објаснуваат, неизвесноста во однос на ситуацијата во глобалната економија, особено на кинеската. Но, во последните неколку дена лидерите на ФЕД, испратија пораки дека се уште е можно зголемување на каматите до крајот на годината во зависност од економските индикатори.
Сепак, се чини дека слабеењето на глобалната економија има влијание и на американската економија. Во септември во САД се отворени само 142.000 нови работни места, додека аналитичарите очекуваа 203.000.
После овие податоци, вредноста на доларот нагло падна во петокот откако на пазарите преовладува тезата дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки оваа година. Сега само 27 проценти од анкетираните трговците очекуваат дека ќе се зголемат каматните стапки во декември, во споредба со претходните анкети пред податоците за вработувањата тоа го очекуваа 44 проценти.