На меѓународните валутни пазари доларот минатата недела благо ослабна, но неговата вредност во однос на кошницата валути се уште се движи во близина на највисокото ниво во последните 14 години.
Курсот на еврото во однос на доларот минатата недела се зголеми за 0,1 проценти, на 1,0460 $, повлекувајќи се од 1,0364 $, најниско ниво од јануари 2003 година, на кое се спушти пред 10 дена. Американската валута ослабе и во однос на јенот за 0,6 проценти на 117,30 јени.
Иако долар индексот на неделно ниво благо опадна, сепак се движи над 103 поени, во близина на 103,65 поени, највисоко ниво од декември 2002 година.
Зајакнувањето на јапонската и европската валута е благодарение на пригушените склоности на инвеститорите за ризик поради стравувањата дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да предизвика трговска војна со Кина, со оглед на тоа дека неговиот тим, наводно, ја разгледува можноста за воведување 10 процентна царина за увоз.
Покрај тоа, Трамп на челната позиција на новиот трговски орган го назначи остриот критичар на Кина Петар Навара.
Од друга страна, доларот подршка обезбедува од неодамнешната одлука на ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки, како и проценките дека следната година ФЕД ќе го забрза темпото на зголемувањена каматите.
Од претседателските избори во САД на почетокот на ноември доларот во однос на кошницата светски валути зајакна повеќе од седум проценти.