Европа се бори со недостиг на јаболка, a цените растат.
Најголем дел од државите од Европската Унија(ЕУ) се соочуваат со намалување на производството на јаболка во последната сезона и тоа на најбараните сорти. На пазарите веќе има недостиг од овошје, а цените на мало се зголемуваат. На еден од најголемите светски саеми за јаболка во Италија, производителите, извозниците и експертите неодамна зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат производителите. Како што пренесува „Иструфрут“, според податоците на Светската асоцијација на производители на јаболка и круши, годинашната реколта во земјите од Европската Унија е специфична поради недостигот на јаболка на пазарите и свежо овошје и во преработка. Намалувањето на производството во однос на 2023 година е забележан кај двете основни сорти: „гала“ и „златен делишес“ за 10, односно 11 проценти.
Родот на „црвениот делишес“ има раст од 20 отсто од претходната година. Лошите временски услови придонесоа за лошата состојба.
Франција имаше три отсто намалување на производството, пишува Политика.рс. И во Полска има намалено производство.