Недостигот на работна сила сериозни ги погодиа синџирите за снабдување со храна во целиот свет, јави Блумберг.

Во Виетнам армијата помага за реколтата на ориз, во Велика Британија фармерите се принудени да фрлаат млеко, бидејќи нема доволно возачи на камиони со кои се собира млекото.

Блумберг наведува дека има недостиг на работници во кланиците, недостигаат возачи на камиони, работници во магацините, готвачи.

Некои работодавачи се принудени да ги зголемуваат плати за да ги задржат вработени и тоа е закана за цените на продуктите кои веќе се зголемени со цените поради расходи за испрака. Цените се зголемени за 31 отсто во јули на годишно ниво според индекс на Обединети нации. Влијанието на пандмеијата е особено силно во секторот на храна и земјоделството, што се најмалку автоматизирани индустрии во светот.

Мекдоналдс во август остана без млечни шејкови, додека во Велика Британија голем број продавнции немаат довооно залихи дури и за основни продукти како леб.
Недостигот на работна рака ги погодува не само фармите, производителите и преработивачите туку и рестораните.

Освен недостиг на работници на некои места екстремните промени на климата исто така се проблем за реколтата. Зголемените цени значат и пораст на расходите за добиточна храна, а со тоа се зголемува и цената на месото.