Финансиската едукација на населението во земјава сѐ уште е на многу ниско ниво, што секако е еден од факторите кои не дозволуваат подинамичен раст на финансиските услуги во земјава.
Коренот на проблемот се наоѓа во нашиот образовен ситем кој не обезбедува доволно корисни информации и познавање на основните поими за пазарната економија, претприемништвото и финансиите.
Сепак, и покрај тоа, благодарение на развојот на комуникациите и дигиталните технолигии, сѐ поголем број граѓани стануваат свесни за придобивките од осигурувањето .
Во тоа секако помогнаа и осигурителните компании кои преку своите понуди и начин на комуникација со корисниците успеваат да разбијат некои стареотипи дека осигурувањето е луксуз, а не неопходност.
И понатаму трите водечки сегменти во неживотното осигурување во земјава остануваат: осигурувањето од авто-одговорност, имотното осигурување и каско осигурувањето.