На многумина целта во 2018 година им е да ги подобрат финансиските навики. Со самото тоа би дошло до намалување на стресот бидејќи финансиските тешкотии се нешто што мачат многумина.

 

1. Прецизирајте ги и запишувајте ги своите цели

Нормално, за постигнување на целите, корисно е да знаете што точно сакате да постигнете. Колку сте попрецизни, толку подобро. На пример реченицата „Сакам повеќе да заштедам“, сменете ја во „Ќе тргам на страна пет проценти повеќе средства“. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека запишувањето на целите ги зголемува можностите за нивно остварување за дури 49 проценти.

2. Осигурете се финансиски

За почеток можете да создадете фонд за итни случаи со средства кои ќе ви го „спасат животот“ доколку ја загубите работата или ви се расипе автомобилот. Исто така е добро да заштедите неколку пари за непредвидени нешта, кои реално секој месец се појавуваат.

3. Потребен ви е план за кој можете да се држите

Тешко ќе се држите до планот кој е премногу комплициран. Нека биде едноставен: од месечната плата одземете ги фиксните трошоци, износите за штедење и нефиксните трошоци како подароци за родендени и празници. Се што ќе ви стане можете да го потрошите.

4. Разделете ги целите

Размислете за можноста за отворање на посебни сметки за одделни цели за кои штедите. На тој начин полесно ќе можете да го видите својот напредок, а можете да ги автоматизирате своите придонеси за тие сметки за да не морате посебно да размислувате за секоја.

5. Паметно користете ги бонусите

Во случај на бонуси искористете го правилото 90/10, 90 проценти од средствата добиени како бонус искористете ги за големи финансиски цели, а 10 проценти потрошете ги за себе, за што сакате.

6. Побарајте поддршка

Работите можат да станат тешки кога речиси се работите сами. Не се плашете да побарате помош, без оглед дали од пријателите, колегите или некој друг.