Европскиот систем за безбедност на храна го вклучи алармот поради големото количество мандарини кои доаѓаат од Албанија. Во последните недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, земји кои увезуваа овошје од Албанија, по контролата ги вратија товарите на границата. Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и забранети за продажба во ЕУ.
Особено, високите остатоци од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои имаат несакани ефекти, влијаат на развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и на зголемен ризик од срцеви заболувања и рак. И покрај тоа што предупредувањето потврдено од Европската комисија беше објавено на 29 ноември и 11 декември годинава, нема официјална изјава од Министерството за земјоделство и од институциите за контрола на храна во Албанија за безбедноста или повлекувањето на овие производи од пазарот, пренесува Коссев.