Трговските забрани за храна ќе се отстранат кога двете држави ќе ги исполнат потребните обврски – ова беше договорено меѓу Бектеши и Шала во врска со трговскиот спор кој го водат Македонија и Косово.
Македонската агенција за храна очекува од косовската агенција за храна до петок да и достави извештај од спроведената програма за следење на икрата и материјал за порибување од Косово.
Ваква мерка за забрана за увоз на икра, според министрот Крешник Бектеши не е преземена само за Косово, туку и за сите останати земји кои не го спороведуваат потребниот мониторинг на рибните производи.
И според првиот човек на АХВ Зоран Атанасов , во моментот кога ќе се испрати целосна документација забраните е бидат тргнати.
Според податоците од земјава во Косово годишно се извезува 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредност од околу 400.000 евра годишно.