Ресцпканоста на парцелите е најголем проблем на македонскиот аграр. 70% од површините се помали од 2 хектари. Се додека е ваква состојбата, македонското земјоделство нема да биде конкурентно на европскиот пазар. Производството ќе биде скапо и мало, а извозот слаб. Примарна цел треба да биде окрупнување на парцелите, препорачуваат експертите.
Истиот проблем го имала и Словачка пред членството во ЕУ. И таму земјоделците не сакале да се здружат, како индивидуалци поскапо ги плаќале потребните матријали, производите им биле поевтини, не се здружувале се додека не станало јасно дека така расцепкани не можат да добијат европска помош.
Македонското министерствто за земјоделство од лани спроведува проект за уредување на пазарот чија цел ќе биде заштита и сите учесници.
Во процесот на интеграција на македонското со европското земјоделство, земјава ќе треба да измени над 4.000 закони и подзаконски акти што е еднакво на околу 60.000 страници пишан текст. Искуството на другите земјуи покажува дека во преговорите поглавјата повразани со земјоделството први се отвораат, а последни се затвораат.