Тоа значи дека во нареднииот период ќе има доволно суровина за производство за домашните фабрики. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, телефонски разговарал со потпретседателот на владата на Р.Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого бил информиран дека по одлуката за кревање на рампата за меркантилна пченица и пченка, се работи и на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење.
Според македонското министерство за земјоделство се очекува таа да биде донесена следната недела. Сепак од компаниите за производство за масло за јадење поради растот на цените на суровините велат дека не е исклучена можноста за зголемување на продажната цена.