Перидов е актуелен проблемот со пензискиот фонд. Проблемот е што има дупка во законот за ПИОМ за која јавноста треба да знае. Секоја година државата ја покрива дупката во ПИОМ и оваа година таа е приближно 500 милиони евра. Тоа се пари што државата мора да ги внесува во Фондот и ако не е тоа, тие пари би се користеле за изградба на патишта, школи, болници.
Прашањето за пензискиот фонд е важно прашање и дека иако невработеноста се намалувала, пензискиот фонд е во дефицит.
Доколку економијата во Македонија не се стабилизира во наредниот периодот, Владата ќе посегне по непопуларни мерки, на тој начин обидувајќи се да го оправда најавеното покачување на старосната граница за пензија, која периодов беше остро критикувана од страна на јавноста.