(Ројтерс) – Netflix Inc тестира мобилен план за претплата во Малезија што би чинел околу половина од сегашните основни месечни планови во земјата, објави во средата глобалниот лидер во видео стриминг.
Мobile-only понудата на Netflix чини само 17 малезиски рингити (4,05 долари) месечно, во споредба со нивниот основен план, кој чини 33 рингити (7,87 долари).
Компанијата одби да даде дополнителни детали за кои земји тестира.
Главниот извршен директор Рид Хестингс во петокот ги демантираше шпекулациите дека компанијата за стриминг ќе ги намали цените за жестоко конкурентниот пазар во Индија, но други официјални претставници посочија дека би можеле да пробаат поевтини планови на мали пазари.
“Ние тестираме за да го разбереме интересот на потрошувачите за планот само за мобилни уреди во некои земји”, рече Netflix во е-маил одговор на прашањата на Ројтерс.
“Општо земено, ние пробуваме многу нови идеи во кое било време, и тие можат да варираат колку долго тие ќе траат и кои ги гледаат. Ние можеби никогаш нема да ги објавиме карактеристиките или елементите вклучени во тестот”.
Истражувачката компанија Statista проценува дека Netflix има 132.000 претплатници во Малезија, што го прави еден од најмалите пазари на стриминг гигантот.