Американците заштедуваа 758 милиони долари на ден од почетокот на пандемијата на коронавирусот, сметајќи ги времето и патните трошоци поминати со намалување на службени патувања, покажува новото истражување на економистот од компанијата Upwork, Адам Озимек.

Тоа придонесува за вкупното економско влијание од скоро 91 милијарди долари, покажа истражувањето на оваа хонорарна платформа.

Заштедите се поделени во неколку категории, вклучувајќи ги директните трошоци и времето, а времето носи најголеми економски придобивки.

Ако просечната вредност на еден час поминат во патување со автомобил е 12,5 американски долари, Американците колективно заштедија 411 милиони американски долари на ден останувајќи дома.
Помалите патувања до бензинска пумпа или сервисна станица додаваат уште 183 милиони долари дневна заштеда.

Намалувањето на несреќи, загадување и други социјални влијанија придонесе за 164 милиони американски долари повеќе заштеди потоа, според истражувањето засновано врз повеќе економски студии, вклучително и извештај за 2019 година за патните трошоци.

Кога станува збор за Американците кои возеле на работа пред пандемијата, секој од нив досега има заштедено во просек над 2000 американски долари работејќи од дома од средината на март.
Патниците заштедувале повеќе од 70 минути на ден во области како Њујорк, Вашингтон и Сан Франциско.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк