Во многу индустрии, луѓето од Источна Европа работат во неподносливи услови, посочува Гжегорж Симановски.

Звучи банално: во иднина, големите германски компании во месната индустрија ќе мораат да вработуваат луѓе кои колеле животни во нивните фабрики. Но, таа баналност е всушност голем чекор напред. Законот за безбедност и здравје при работа, што сега е усвоен, забранува употреба на „надворешен персонал“ во основната дејност на големите погони за преработка на месо. Со тоа треба да се стави крај на лошите услови што придонесоа за масовно избувнување на епидемијата на корона во големи кланици на почетокот на летото.

Во суштина, сето тоа е срамно, имајќи предвид дека е одамна познато под какви лоши услови работат и живеат овие работници, претежно од источна Европа. Но, само кога нападите од корона во кланиците станаа опасност за луѓето во соседството, се разви политичката волја за подобрување на условите за странските работници.

Цела Германија има корист од експлоатацијата

Кланиците не се изолиран случај. Ситуацијата е иста на градилиштата, полињата со аспарагус и јагоди, кај луѓето кои се грижат за стари лица приватно во своите домови или во големите логистички центри. И таму, работниците од Источна Европа работат со помала заштита и под полоши услови од нивните германски колеги.

Откако ЕУ се прошири на исток, јазот во платите помеѓу Исток и Запад значеше дека Полјаците, Унгарците, Романците и Бугарите доаѓаат да работат во Германија. Неколку месеци тука, а потоа неколку месеци дома – секогаш ист рингишпил од „подвижни работници“ – како што тие ги нарекуваат тука работници од други земји на ЕУ кои не се преселуваат трајно во Германија.

Оттогаш, воспоставен е цел систем што ги носи луѓето да работат во Германија без тие да ги уживаат истите права како и локалните работници.

Цели индустрии и различни сфери на секојдневниот живот сега зависат од овие луѓе. Кога границите во Европа беа затворени во пролетта поради пандемија, земјоделците во Германија се пожалија на недостаток на работници во нивните полиња. Политиката реагираше брзо: околу 80.000 Романци беа донесени со авион врз основа на вонредни мерки само за бербата на аспарагусот.

И приближно 300 000 постари лица во Германија се грижат главно од жени од Источна Европа, дење и ноќе, во домовите на овие луѓе, иако нивните договори за вработување дозволуваат само 40 часа работа неделно. Без овие старатели, грижата за старите лица во Германија веројатно ќе пропаднеше.

Посредници како профитери

Сите овие работници се соочуваат со истиот проблем: германските компании и работодавци скоро никогаш не ги вработуваат директно, бидејќи на тој начин ги намалуваат и трошоците и одговорностите. Затоа најголеми корисници се посредниците кои користат дупки во законите за слободно движење на работниците во рамките на ЕУ. Работниците немаат многу можност да влијаат тука.

Тие честопати плаќаат на посредници толку високи хонорари што де факто ги заработуваат под минималното ниво на плата. Неплатените прекувремени часови се правило. Луѓето често се сместуваат во преполни контејнери, а негувателите не смеат да ја затвораат вратата од нивната соба за да бидат достапни цела ноќ. И, понекогаш луѓето само на дестинацијата откриваат дека агенциите за посредување не ги ни осигуриле.

Без оглед за која индустрија станува збор, една реченица може да се чуе особено често меѓу „подвижните работници“: Никогаш не ни помислувале дека такви услови можат да постојат во Германија.

Политиката е одвлекување на вниманието

Властите насекаде и долго време ја игнорираа ситуацијата. Научниците дури го користат терминот „соучесник“ во политиката – се гледаат проблеми, но тој е прифатен сè додека работи ситуацијата. И во земјите на потекло, политичарите се задоволни поради падот на бројот на невработени и парите што мобилните работници ги носат дома.

Германското правосудство покажа поголема ефикасност: во еден случај, бугарска медицинска сестра примала само минимална плата за дневната и ноќната должност што ја извршувала. Судијата беше згрозен што не беа покренати повеќе такви тужби.

Потребни се и национални и европски решенија

Но, луѓето што доаѓаат во Германија само на неколку месеци тука, никогаш не знаат или зборуваат јазик. Тие страдаат од неподносливи услови сè додека не се вратат дома. Ретко се организираат во борбата за подобри услови.

Затоа, сега се потребни понатамошни чекори специфични за овој вид на работа. На пример, треба да се забрани вработување во градежништво преку надворешни под-компании, т.н. „аутсорсинг“. Или треба да се регулира максималното работно време во грижата за старите лица.

Во принцип, мобилните работници треба да бидат многу подобро информирани за своите права. И, на ниво на ЕУ, потребен е регистар во кој се бележи реалната состојба, за да може навреме да се провери дали луѓето се социјално осигурани.

Во месната индустрија, пандемијата на короната предизвика колапс на сегашниот систем и започнаа трајни промени. Се надеваме дека нема да биде потребна нова пандемија за зајакнување на правата на работниците од источните земји на ЕУ и во другите гранки на економијата.

 

Извор: Deutsche Welle