Заврши јавниот повик за мерката поддршка за самовработување и пријавени се 99 невработени лица кои самостојно ќе почнат бизнис, информираа денеска надлежните од Центарот за вработување во Куманово.
Овие кумановци аплицирале да почнат сопствен бизнис и ќе добијат грант кој изнесува 369. 000 денари за набавка на опрема и репроматеријали.
– Доколку две невработени лица се здружат тогаш добиваат грант од 738. 000 денари. Оваа година за мерката се пријавија 44 невработени лица, изјави раководителката на Центарот, Марија Димитријевска.
Оваа мерка е една од најпопуларните и секогаш има интерес.
Годинава се пријавиле невработени кои сакаат да почнат бизнис од различни сектори, столарија, градежна трговија, маркети, печатница, трговија со мебел, козметичари, фризери, ИТ компании, сендвичари, монтажи на парно греење, рурален туризам, плочкари, автомеханичари.
. . Лицата добиваат советодавна поддршка за изработка на бизнис план, обука за претприемништво. Оние кои ќе бидат избрани ќе добијат и поддршка при регистрација, надоместок од 3.
000 денари за фирма, дел од категориите, пред сè ранливите кои аплицираат, добиваат и менторска поддршка. Проектот е финансиран од буџетот од АВРСМ.